84
МВР информира дека вчера попладне во 18:15 часот на патот Гостивар – Тетово, на клучката кај с. Камењане, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишија од слобода Б.С.(32) од с. Глумово, скопско.
При контрола на патниот сообраќај и мерење со радар, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по преземени мерки, било констатирано дека го управувал возилото со брзина од 168 километри на час на место каде што дозволената брзина со сообраќаен знак е ограничена на 80 километри на час.
Б.С. задржан во Полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.