За половина година се регистрирани над илјада пожари на отворено, а летната сезона само што почна – со какви капацитети располагаме?

by bogdan 11:52
11:52

Според податоците што ги доби „Фокус“ од Центарот за управување со кризи, од почетокот на оваа 2026 година заклучно со јуни, односно до 1 јули годинава, регистрирани се вкупно 1.104 пожари на отворен простор.

Притоа, поголем дел од нив, односно 1.051 пожар биле на висока сува трева, стрништа, нискостеблеста, деградирана шума и ѓубришта или депонии, додека 53 се категоризираат како шумски пожари.

Иако секој пожар носи свои ризици, сепак, за најспецифични по опфат, површина и штети важат пожарите во штипскиот, светиниколскиот и велешкиот регион.

Од Дирекцијата за заштита и спасување, пак, тврдат дека се максимално подготвени, посочувајќи дека на располагање ги имаат 3-те ертрактори, лани пренаменетите армиски и полициски во противпожарни возила и друга механизација.

Во меѓувреме, во рамки на владата сè уште се разработува најавуваната реформа на системот за заштита и спасување, која, меѓу другото, треба да резултира со спојување на ЦУК и ДЗС.

Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК