97
Од МВР информираа дека е уапсен албански државјан, кај кого при претрес на граница била пронајдена дрога.
-На 08.07.2026 во 20:00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Ч.А.(40) од Р.Албанија, затоа што при гранична контрола и претрес на товарно возило „волво“ со албански национални ознаки, кое тој го управувал, во кабината на влекачот, биле пронајдени и одземени 24 пакувања со марихуана. Известен бил јавен обвинител, а Ч.А. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, информираа од МВР.


