Нападната малолетничка од „СОС Детско Село“

by irena 10:03
10:03

На 06.07.2026 во 22:30 часот во СВР Скопје било пријавено од Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – „СОС Детско Село“ дека нивна малолетна штитеничка била физички нападната.

Според пријавеното, на 06.07.2026 околу 12:30 часот во село Сарај, скопско, малолетничката се наоѓала во домот на И.С., братучед на нејзина другарка, каде по претходна расправија дошло до физичка пресметка.

Како што е пријавено, Е.И. ја нападнал малолетничката и ѝ нанел повреди.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Слични вести