Меџити: Утре ќе се потпише договорот за изградба на автопатот Скопје-Блаце

by vlatko 20:52
20:52

Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, информираше дека утре се очекува да биде потпишан договорот за изградба на автопатот Скопје-Блаце, инвестиција вредна над 200 милиони евра која ќе ја подобри поврзаноста меѓу Скопје и Приштина.

Според Меџити, овој проект претставува важен чекор за развојот на патната инфраструктура, зајакнувањето на економската соработка и олеснувањето на комуникацијата меѓу двете држави.

-Патот Скопје–Блаце повеќе не е ветување. Тој е проект што добива своја реализација. Со години се зборуваше, а ние избравме да дејствуваме. Резултатите немаат потреба од големи зборови – тие зборуваат сами за себе – изјави Меџити.

Слични вести