Топло време со температура до 39 степени – попладне можно локално невреме

by irena 08:04
08:04

Во Македонија денеска многу топло време, но во попладневните и вечерните часови на повеќе места се очекува развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утрото ќе биде претежно ведро и топло, а во текот на претпладневните часови температурите брзо ќе растат.

Најтопло се очекува да биде во Повардарието и југоисточните делови од државата, каде што дневната температура ќе достигне од 37 до 39 степени.

Во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 37 степени.

Кон крајот на денот ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Слични вести