Иран: Нема планирани преговори со САД

by irena 22:43
22:43

Во наредните денови не се планирани разговори меѓу Иран и Соединетите Американски Држави, објави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи.

Тој изјави дека иранската техничка делегација ќе отпатува во Катар оваа недела, но нагласи дека оваа посета нема никаква врска со американските претставници кои исто така треба да бидат во таа земја.

Багеи додаде дека Техеран сè уште не започнал преговори за конечен договор, бидејќи моменталниот приоритет на Иран е да спроведе одредени одредби од Меморандумот за разбирање (MoU).

Дури по нивното спроведување, како што изјави, можат да следат дискусии за конечниот договор.

Слични вести