118
МВР информира дека утринава десет минути по полноќ во СВР Скопје од Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет бил донесен Г.Ј.(31) од Скопје.
Според пријавеното, тој околу 23:35 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од неколку лица, меѓу кои и еден малолетник, кој употребил остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.