487
Во физичка пресметка што се случила пред паркот на Универзитетот во Тетово, едно лице се здобило со убодни рани, а осомничениот е приведен од полицијата.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 20 јуни 2026 година околу 17:30 часот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Д.(20) и Л.А.(26), двајцата од Тетово.
Во текот на инцидентот било употребено ладно оружје, при што Л.А. му нанел убодни рани на М.Д.
Повредениот веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде што му била укажана лекарска помош.