Илчо Ѓорѓиоски доби 30 дена притвор во истрагата за ФФМ

by irena 17:42
17:42

Постапувајќи по предлог на ОЈО ГОКК, за определување мерка притвор и мерки на претпазливост, против 12 лица кои утрово беа спроведени во судот, судија на претходна постапка, по нивно произнесување во присуство на бранител, донесе решенија со кои:

„Предлогот за определување мерка притвор против И.Ѓ., О.М., и Ѓ.Ч е прифатен и определена е мерка ефективен притвор од 30 дена, додека за Н.Л., И.П., И.Ш.,С.Т. и К.А. е определна мерка куќен притвор.

Воедно прифатен е предлогот и за определување мерки за претпазливот против, Т.П., Ј.Д., Д.Ј. и Е.Н.

Дополнително се одлучува и за определување мерка притвор против 2 лица и мерки за претпазливост против 3 други лица кои во моментов се недостапни“, посочија од Кривичен суд.

Слични вести