Срби преку сајт „видовитамарија.ком“ нуделе „отстранување црна магија“, на пензионерка ѝ зеле 50.000 евра

by irena 17:56
17:56

Двајца Срби се уапсени откако измамиле 73-годишна жена за 50.000 евра, уверувајќи ја дека ќе ѝ ја отстранат „црната магија“ и ќе ѝ ги решат семејните проблеми, објави „Н1“.

Полицијата во Беочин, предградие на Белград, ги уапсила Д.Н., роден во 1974 година, и М.К., роден во 1967 година, поради сомнеж дека сториле измама.

Како што е наведено, постои сомнеж дека тие, преку веб-страницата „видовита-мариа.ком“, огласувале услуги за „отстранување црна магија“ и ја довеле и одржувале во заблуда жената дека ќе ѝ помогнат во решавање на семејни и на здравствени проблеми.

За овие услуги од неа барале и земале накит и пари во вкупна вредност од 50,000 евра.

„При претрес на куќа во Бачка Паланка, полицијата пронашла повеќе парчиња разновиден накит, како и потврди за прием на пари од повеќе луѓе“, наведуваат во соопштението.

На осомничените им е одреден притвор до 48 часа и тие, со кривична пријава, ќе бидат спроведени во Основното јавно обвинителство во Нови Сад.

Слични вести