149
Силна бура со пороен дожд, силен ветер и град го погоди денеска Сараево, носејќи ненадеен студ и силен дожд што предизвика колапс во сообраќајот. Во делови од градот се забележани и куси, но интензивни врнежи од град, објави Радио Сараево.
Поради обилните дождови, централните улици и многу улички на Башчаршија се целосно под вода. Водата се спуштала од Себиље и им се заканувала на локалните продавници, додека работниците се обидувале да спречат да навлезе во дуќаните.
Силните налети на ветер им го отежнале движењето на пешаците и на возачите. Засега нема информации за причинета поголема материјална штета.