За да се намали ризикот од неуспешен избор на шеф на државата, претседателските избори обично се спојувале со парламентарни избори, а еднаш и со локални, бидејќи тоа ја зголемува мобилизацијата и го олеснува постигнувањето на цензусот од 40 отсто.
Ако продолжи досегашната практика, и следните претседателски избори би требало да се одржат во пакет со други избори, што подразбира одредени политички подесувања и комбинаторики.
За тие да се спојат со генерални локални избори, ќе треба да се скрати мандатот на градоначалниците и советниците за 6 месеци, што е комплицирана операција од политичко-правен аспект.
Затоа, пореална варијанта е следните претседателски избори да се поврзат со парламентарни, при што можни се 2 сценарија.
Прво, актуелната претседателка да поднесе оставка една година пред истекот на 5-годишниот мандат, па така предвремени претседателски избори би се споиле со редовните парламентарни избори во 2028 година.
Другата варијанта е со редовните претседателски избори во 2029 година да се одржат предвремени парламентарни избори.
Доколку власта ја одбере втората опција, тогаш уште повеќе се зголемува можноста следната 2027 година да има предвремени парламентарни избори, за 2 години подоцна, т.е. во 2029 година, да има нови предвремени парламентарни избори.
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК