По цела година владеење на Алиу, резултатите се нула, но затоа, пак, „трчање“ на терен, сликање, промовирање стотка на час.
Јавното здравство продолжува да тоне, граѓаните умираат по дворот на клиниките, нема основни услови и материјали за работа, ама затоа корупцијата, бизнисот и тендерските шеми цветаат.
Децениското уништување се должи на хроничниот одлив на медицински кадар, партизацијата, недомаќинското трошење и огромните долгови, како и фаворизирањето на приватниот сектор.
Растот на буџетите за лекови и реагенси не го подобри квалитетот на услугите.
Напротив, тендерите често се проследени со еден понудувач и висок ризик од финансиски злоупотреби.
Од друга страна, над 1.800 вработени во јавното здравство ги тужат своите матични здравствени установи, а во меѓувреме се крчка и промена на актуелниот министер.
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК