(Видео) СЕКЕ Прилеп со препораки за правилна употреба на препарати во производството на тутун

by irena 10:24
10:24

СЕКЕ Прилеп ги информира тутунарите за препораките за правилна употреба на препарати во производството на тутун. Целта е да се зачува квалитетот на производот, да се заштити здравјето на тутунарите и да се избегнат проблеми при откупот.

Во препораките се наведува употреба на Chlomazone против плевели, Sivanto Prime против штетни инсекти и Rival против болести. Тутунарите треба да користат исклучиво одобрени препарати и да ги почитуваат упатствата за нивна примена.

Посебно внимание треба да се посвети на дозите и интервалот меѓу прскањето и бербата. Употребата на неодобрени и непрепорачани препарати може сериозно да го наруши квалитетот на тутунот.

При работа со препарати задолжително се препорачува лична заштита: ракавици, маска и заштитна облека. Не треба да се јаде и пие за време на третманот, не треба да се прска при ветер, а по третманот потребно е тутунарите да се измијат.

Препаратите треба да се чуваат во оригинална амбалажа, на суво и безбедно место, надвор од дофат на деца. Опремата за прскање треба редовно да се сервисира и правилно да се одржува.

Агрономите и експертите од СЕКЕ Прилеп се достапни за консултации во секое време за сите активности поврзани со производството на тутун.

Слични вести