Млади кичевчани уапсени од полицијата – двајцата фатени како возат без возачка дозвола

by irena 18:16
18:16

МВР информира дека вчера рано наутро во 00:40 часот, на улицата „Маршал Тито” во Кичево, полициски службеници сопреле патничко возило „бмв” со скопски регистарски ознаки, што го управувал Е.П.(31) од Кичево.

При обид да се изврши контрола, возачот го стартувал возилото и се дал во бегство.

По преземени мерки, возилото е пронајдено и обезбедено, а констатирано е и дека Е.П. немал положено возачки испит.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера попладне во 18 часот, на магистралниот пат Кичево – Гостивар, кај селото Колари, полициски службеници од слобода го лишија С.С.(26) од Кичево.

При извршена контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле товарно возило „мерцедес” со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал и притоа констатирале дека немал положено возачки испит.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило”.

Слични вести