1600

by bogdan 19:50
19:50

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ТАЗИ ДУПКА НЕ Е ДУПКА
Народот оддамна е оттрпнат да го крадат и соголуваат, ама загадувањето ни е болка, која ни го стега грлото и доколку ја проголтаме. Затоа тезата на Обвинителството дека тази афера не е афера, за случајот „Мазут“, се уште не поминува глатко.

РЕПОРТАЖА ОД БАРДОВЦИ
Живот во хорор и мизерија, пациенти заборавени и од своите најблиски, а како што знаат да кажат дел од вработените, заборавени и од Господ. Некои се таму и по 40 години. Болницата располага само со 9 психијатри на околу 300 пациенти.

СЕЧА НА ДРВА
Иако ЈП „Национални шуми“, на крајот на 2025 година имало 1.413 вработени на неопределено време, најважните теренски работи – сечата, дотурот и превозот на дрвната маса – речиси целосно биле доверени на надворешни изведувачи. За овие услуги во 2025 година биле потрошени повеќе од 3,5 милиони евра.

УНГАРСКО СЦЕНАРИО
Иако темата за широк опозициски фронт, платформа или движење по примерот на она на Маѓар во Унгарија е сè поприсутна во јавните дебати, сепак, прашање е колку таа е остварлива, барем во овој политички момент и во вакви околности.

КОШТА ВО БАЛКАНСКА МИСИЈА
Турнејата на претседателот на Европскиот совет низ Западен Балкан доаѓа во момент кога Брисел зборува за нова фаза на интеграција, но истовремено се соочува со сериозни дилеми околу сопствената иднина, институционалните реформи и геополитичките предизвици.

ШМИНКАЊЕ НА РЕАЛНОСТА
Бенефит за граѓаните од тоа власта да ја шминка реалноста е што дури и кога постои искрена желба нешто суштински да се подобри, понекогаш е тешко да се навлезе во сржта на проблемот и да се изведе реална реформа.

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Дејствувајќи како ѕвер, владетелот мора да ги „имитира лисицата и лавот, зашто „лисицата е способна да ги препознае замките, а лавот да ги исплаши волците“.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Трендот на опаѓање на стапката на раѓање и иселувањето на младите убедливо го потврдуваат фактот дека Македонија преживува демографски егзодус, за кој, барем на среден рок, нема лек.

Ана ПАНОВСКА
СДСМ вети дека ќе го врати стариот изглед на Скопје, исто како што вети ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го врати старото име на Македонија. Ништо не вративме, ниту ќе вратиме.

м-р Владо ЈОВАНОСКИ
Никогаш не постојат оправдани геополитички околности за лидерите да нè втурнат ниту во освојувачки, ниту во одбранбени, ниту во превентивни војни, а најмалку во, Господе Боже, што сè не ќе измислат „Хуманитарни војни“?!