Интервју | Максим Димитриевски: „Прикаските“ дека ЗНАМ не е задоволен од учеството во власта се политички спин на „необолшевиците“ од СДСМ

by bogdan 12:02
12:02

Спроти најавената поголема реконструкција на владата најавена од самиот премиер, а на половина од нејзиниот мандат, „Фокус“ направи интервју со челникот на еден од трите коалициски партнери во власта – лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Тој не смета дека неговата партија е заобиколена во решавањето на „горливото“ прашање за полагањето на правосудниот испит на албански јазик, по средбата на коалициските партнери ВРЕДИ кај премиерот Христијан Мицкоски за прашање што е во ресор на министер од неговата партија.

Со Димитриевски разговараме и за позициите на ЗНАМ за можните смени во највисокиот ешалон во извршната власт, колку е задоволен од досега сработеното како партиципиент во власта, но и за обвинувањата од опозицијата кон него – дека има отворено фирма во Бугарија додека, како што велат, „гради“ рејтинг како патриот по прашањето за уставните измени.

Беше прашан и за локалните избори, како и за тоа колку придонел во промената на Куманово откако е на чело на општината.

Разговараше
Зоран ФИДАНОСКИ

ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК