Во изминатиов период, во српската јавност се развива темата околу потеклото на капиталот на српскиот бизнисмен Давор Мацура, кој во земјава стана актуелен откако неговата „Алта банка“ ја купи „Стопанска банка – Битола“.
Освен што дел од медиумите пишуваат за значително зголемување на капиталот на белградската „Алта банка“ преку уплати на сопственикот, поради што се отвора прашањето кој го финансира растот на банката и кој стои зад капиталот што влегува во системот, тамошната опозиција оди чекор подалеку, испорачувајќи тешки обвинувања дека Мацура е, всушност, дел од организирана криминална група и дека се занимава со перење пари, односно, според партијата на Ѓилас, тој е само маска за финансиските операции на браќата Вучиќ.
Што велат фактите – како еден газда на мала менувачница успеа да изгради интернационална бизнис-империја, што работи на деловни операции во финансискиот, градежниот и во други сектори, тешки милиони евра?
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК