На патниците за Гевгелија како да им е малку бавното движење на возот помеѓу Скопје и Катланово поради конструкцијата на пругата за потребите на Градскиот воз, сега мора да се движат како полжав и низ населените места каде што Македонски железници имаат расипана сигнализација на премините.
Утринскиот воз од Скопје за Гевгелија кој минува на неколку железнички премини во центарот на Велес, мора да вози побавно од пешак и со свирење да ги предупредува пешаците и возачите на автомобили да застанат затоа што рампите се кренати.
Граѓаните во Велес, навикнати на овие чести ситуации, ја почитуваат вертикалната и хоризонталната сигнализација поставена на железничките премини и чекаат да помина возот, но Македонски железници не ги почитува граѓаните затоа што не си ги поправаат расипаните рампи и сигнализација.
О.К.