Дел од Ѓорче Петров денеска без струја

by valentina 08:28
08:28

Од ЕВН Македонија информираат дека денеска, 28 мај 2026 година, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во Ѓорче Петров.

Според известувањето, во периодот од 09:00 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците лоцирани на раскрсницата меѓу улиците „Борис Сарафов“ и „Кузман Шапкарев“ во општина Ѓорче Петров.

Слични вести