Ципрас се враќа на политичката сцена со нова партија

by irena 09:25
09:25

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас ја претстави новата партија ЕЛАС – „Грчка левичарска коалиција“, со која најавува нов обид за обединување на левиот и прогресивниот блок во Грција.

Ципрас се повлече од лидерската позиција во СИРИЗА по тешкиот изборен пораз во 2023 година, а во 2025 година го напушти и пратеничкиот мандат, со порака дека не се повлекува од политиката, туку бара нов начин на дејствување.

Ципрас го претстави новиот проект како пошироко прогресивно здружување, а не како уште една мала партија во веќе фрагментирана левица.

ЕЛАС се појавува во момент кога грчката опозиција е поделена, а СИРИЗА е далеку од силата што ја имаше во времето кога Ципрас дојде на власт на бранот на отпор против мерките за штедење.

ПАСОК во меѓувреме се обидува да ја преземе улогата на главна опозициска сила, додека Нова демократија на Кирјакос Мицотакис останува водечка партија.

Слични вести