Тројца уапсени во велешки локал откако биле пријавени дека шмркаат дрога на маса

by irena 16:35
16:35

Вчера во 23:40 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода 34-годишната С.Ч., С.Т.(53), двајцата од Велес и С.Џ.Х.(55) од село во општина Чашка, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во Велес, на масата на која седеле, користеле дрога.

Полициски службеници ги затекнале лицата пред објектот, при што С.Ч. се однесувала агресивно кон нив, а подоцна на масата на која седеле во објектот биле пронајдени остатоци од бела прашкаста материја. Известен бил јавен обвинител, а од местото биле подигнати траги и остатоци од прашкастата материја.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични вести