Во „Идризово“ најдени 92 ќесички со дрога

by irena 16:31
16:31

Дваесет и петгодишна жена од Скопско е приведена пред затворот во Идризово откако полицијата пронашла дрога во пакетот што го носела за осудено лице.

Инцидентот се случил во средата околу 15:30 часот, пред казнено-поправната установа „Идризово“. Според информациите од полицијата, при преглед на пакетот што го донела В. А. (25), биле пронајдени бела прашкаста материја и марихуана. Дрогата веднаш била одземена, а жената приведена во полициска станица. По целосното расчистување на случајот, против неа ќе биде поднесена пријава.

Тој ден, утрината, од затворот било пријавено дека при извршен претрес биле пронајдени и одземени 92 ќесички со прашкаста материја и дигитална вага. Дрогата е подигната од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје за понатамошна постапка.

-Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Слични вести