137
Постојат два патишта што Соединетите Американски Држави можат да ги следат кога станува збор за Иран, изјави денес американскиот потпретседател Џ.Д. Венс, истакнувајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп побарал од својот тим „агресивно да преговара“ со иранската страна, што ја претставува првата опција.
„Кога станува збор за клучното прашање, дека Иран нема нуклеарно оружје, мислам дека постигнавме голем напредок и мислам дека Иранците сакаат да постигнат договор“, рече Венс на прес-конференцијата во Белата куќа, според Скај њуз.
Според него, ако првата опција е преговори, втората е рестартирање на воените операции.