Македонските ракометари се пласираа на СП 2027 во Германија

by irena 20:36
20:36

Македонската ракометна репрезентација обезбеди пласман на Светското првенство 2027 година кое ќе се одржи во Германија.

Македонските ракометари вечерва славеа со 38-23 во реваншот против Словачка во СЦ „Борис Трајковски“. Нашите ракометари славеа убедлив триумф пред седум дена и на гостински терен –  31:24.

Македонија ја продолжи традицијата на редовни учества на Мундијалите, по 10-ти пат ќе настапи на Светско првенство.

Капитенот Филип Кузмановски денеска постигна 11 гола.

Комплетната жрепка ќе биде извршена на 10 јуни.

Слични вести