Изгоре дел од кров на локал на „Втора македонска бригада“

by jadranka 21:03
21:03

Пожар избувнал синоќа во угостителски објект на улицата „Втора македонска бригада“ во Скопје, информира МВР. Според полициските информации, случајот бил пријавен во СВР Скопје околу 22:15 часот.

Огнот зафатил дел од кровната конструкција на објектот, по што на терен интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, која успеала брзо да го локализира и изгасне пожарот.

За среќа, во инцидентот нема повредени лица, а засега не се соопштува колкава е причинетата материјална штета.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а причините за избувнувањето на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.

Слични вести