Во последните пет години, поточно во периодот од 2019 до 2024 година, во државата биле склучени договори за јавни набавки, во вкупна вредност од 5,8 милјарди евра.
Од овие бизнис-зделки, 2,1 милјарда евра им припаднале само на 50 фирми, што е застрашувачки со оглед на тоа што целиот бизнис се врти само околу одредени компании.
Најголемите сомнежи дека нешто се случува во заднина е кога на тендерот учествува само една фирма.
Шампионското место во здравствениот сектор го зазема „Др Пановски“, но „Фокус“ се потруди да открие и уште неколку институции на чии тендери учествувале само по една фирма, па тоа што ни привлече внимание е бизнис соработката меѓу скопскиот Медицински факултет и компанијата „Експекта медикал“ предводена од Сашо Караџов.
Во период од три години тие склучиле неколку договори, а тоа што чудно е тоа што токму таа фирма на сите тендери се појавува како единствен понудувач, што веднаш го вклучува црвеното светло.
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК