Откако пред една година пласираше наводи за лажирање документација, непочитување договори и остварување материјална корист, зошто обвинителството сега оцени дека нема доволно докази за обвинение за милионските набавки на мазут?
Одговорот на ова прашање не може да се даде исклучиво врз основа на правни аргументи, туку мора да се земе во обѕир и политичкиот контекст, бидејќи повеќе од јасно е дека во Македонија поделбата на властите и независноста на институциите постои само на хартија, додека во реалноста правосудството, ако не директна наредба, тогаш чека барем сигнал од извршната власт во која насока да постапува.
Дури и да нема никаква политичка заднина во овој или друг кривично-правен случај, сепак, на крајот граѓаните нема да ја испорачаат фактурата за незадоволството од работата на обвинителството и судот кон овие органи, туку ќе ја испорачаа на избори кон партиите од власта, која, како одминува времето, има се помалку простор да ја префрла одговорноста кон претходниците.
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК