(Вознемирувачко видео) Ужас во Хрватска: Возач на камион од Македонија изгорел во кабината

by irena 09:17
09:17

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнето на автопатот А3 кај Среданац во правец на Брегана, кога камион ja проби ограда, удри во далновод и се запали. Возачот за кој медиумите пренесуваат дека најверојатно е од Македонија, остана заробен во возилото.

Пријавата за сообраќајната несреќа ја примил Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа Брод-Посавина во 14:18 часот. Се однесувала за пожар во камион во кој имало едно лице.

„Возилото ја проби централната заштитна ограда од јужната лента на автопатот и заврши на северната лента, удирајќи во далновод. Сите служби за итни случаи беа испратени на местото на настанот, а ќе следи истрага, која ќе ги утврди фактите и околностите поврзани со инцидентот“, соопшти полицијата од Брод-Посавина.

Според неофицијални информации од локалниот онлајн портал SB, возачот бил заробен во возилото и починал. Наводно станува збор за постар државјанин на Македонија.

Точната причина за несреќата и дали има повредени ќе се знае по истрагата.

Слични вести