Поранешниот градоначалник на Скопје и екс потпретседател на СДСМ, Петре Шилегов зборува за „распадот“ на СДСМ и обидот да се смени актуелното раководство, бидејќи, како што вели, СДСМ е заробена партија, која во моментов е политички импотентна.
Сепак, со Шилегов, кој по професија е адвокат, разговаравме за тековниот судски процес за страшната трагедија во кочанската дискотека „Пулс“, во која загинаа 63 деца, а над 230 беа повредени.
Тој, како бранител на еден од обвинетите, вели дека со вака поставено обвинение, не очекува правда и потенцира дека првостепена пресуда би имало дури за пет години, а второстепена за неверојатни седум години.
Според него, поголемиот дел обвинети немаат никаква вина за катастрофалната трагедија.
Разговараше
Валентина ВУРМО
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК