Предлог-законот за заштита од пушењето предвидува поригорозни мерки и правила. Ако сè уште важечкиот закон се фокусира на традиционалните производи од тутун, со новиот целосно се изедначуваат производите од тутун и електронските цигари или други уреди за консумирање никотин.
Притоа, новиот закон забранува пушење во угостителски објекти, освен ако тие се отворени од најмалку 2 страни. Воедно, се забранува и пушење во објекти и возила што претставуваат работни места, во сите видови јавен превоз, како и во приватно возило во присуство на дете.
Понатаму, со новиот закон дополнително се ограничува малопродажбата на производите од тутун и електронските цигари и додатоци.
Додека власта промовира ставови базирани на медицински аргументи дека пушењето е причинител на голем број болести и има фатални последици врз здравјето, што е неспорен факт кој никој не го негира, новиот закон сепак предизвика негативни реакции или забелешки од повеќе страни.
Имено, угостителите бараат фазно спроведување на законските обврски за да претрпат што помали последици врз бизнисот, додека тутунската индустрија предупредува дека овој закон нема да ги постигне прокламираните цели, туку само ќе ја стимулира сивата економија и ќе води кон неконтролирана продажба и сериозни загуби за буџетот.
Исто така, забелешки имаат и малите дуќанџии…
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК