По објавата на животнатат приказна на скопјанецот, кој во конфликтот од 2001 година останал 100% воен инвалид, а над 15 години чека стан од владина комисија, надлежните институции ветуваат дека предметот ќе се реши за брзо, но семејството реплицира дека низ годините постојано добивале ветување, но на крајот чекаат речиси две децении.
Како што веќе објавивме, на само 22-години, скопјанецот П.С. во 2001 година, бил на првата борбена линија во Арачиново, во одбрана на татковината од воен напад на терористичка организација. Бил тешко повреден од гранати и и оттогаш живее со 100% инвалидитет. Иако тој веднаш се одзвал на воениот повик на државата, сега таа со години не го гледа, ниту слуша. Надлежните државни органи цели 15 години не му го остваруваат правото кое со закон го следува, односно тој, неговата соопруга и трите малолетни деца, да добијат станбено згрижување.
-Нашите рани не се украс, туку завет: Македонија да биде дом што не ги остава своите. Кога државата беше во опасност, ние не прашавме колку ќе чини – дадовме сè. Денес не бараме ништо повеќе од тоа што ни следува: правда, одлука и држава што стои зад своите бранители.
Ова не е само реакција. Ова е глас на човек кој повеќе од дваесет години чека нешто што по закон требало да го добие за 30 дена.
Јас сум 100% воен инвалид – I група. Јас сум човек кој бил на првата линија кога требало да се брани државата. И денес, повеќе од 20 години подоцна, стојам пред истата таа држава и барам едно единствено нешто – одлука. Не милост. Не привилегија. Туку право, дециден е нашиот соговорник П.С.
Тој појаснува дека во јавноста, од страна на надлежните институции се создава впечаток дека неговиот случај е „во завршна фаза“, но тоа воопшто не е точно.
-Вистината е едноставна: Јас немам одлука, немам документ, немам одговор. По дваесет години, зборовите веќе не значат ништо. Ако постои одлука – нека се достави. Ако не постои – нека се каже зошто, вели П.С.
Соговорникот појаснува дека во 2003 година му била дадена барака.
-Не стан, барака. Во 2008 година таа беше уништена од поплава.
Од тогаш до денес, тоа што државата го нарекува „сместување“ е:
Руинa, небезбедно, невселиво БЕЗ УСЛОВИ ЗА ЖИВОТ. Ова не е мое мислење. Ова е потврдено од самата државна институција – АДССДП.
И тука е суштината: ако тоа не е за живеење, тогаш тоа не е дом. Според Законот за домување, државата е должна да обезбеди соодветно домување. Според член 36 од Уставот, државата е должна да обезбеди посебна заштита за воените инвалиди.
Тоа не е избор, тоа е обврска. А сепак – две децении ништо. Нема решение, нема замена, нема сигурност. Само молк, вели
Тој истакнува дека во исто време, постојат случаи – јавно објавени – каде по поплава на други лица, без никаков приоритет, им се
Во мојот случај – нема ништо. И затоа прашувам: дали законот важи за сите – или само за некои?, вели револтирано.
Вели дека има и полициска белешка, според која во објектот било влезено без негово присуство од страна на АДССДП и дека бравата е сменета.
-Во држава каде Уставот вели дека домот е неповредлив. Тоа не е грешка. Тоа е понижување. И покрај тоа што објектот не е за живеење, со години ми се наплаќаше закуп. Имаше извршувања, спротивно на член 117-закон за извршување. Имаше блокади по 10 до 15 дена. Да се наплатува нешто што не е дом – не е закон. Тоа е неправда.
Ова не е само мој случај. Ова е приказна за тоа што се случува кога системот знае – а не одлучува. Ова е приказна што ја разбира секој бранител. Секој воен инвалид. Секој човек што верува дека државата треба да стои зад своите. Европската конвенција за човекови права, а и нашата судска пракса, вели дека државата не смее со својата пасивност да создава несигурност. Кај мене тоа трае 20 години.Тоа веќе не е административен проблем. Тоа е човечки. Затоа ова писмо не е напад. Ова е повик. Повик да се исполни обврската. Повик да се донесе одлука. Повик да се покаже дека правото постои. И затоа на крај ќе кажам само едно: Јас не барам повеќе ветувања. Јас барам документ. Јас не барам привилегија. Јас барам закон, вели тој.
Скопјанецот вели дека 20 години чека одлука што по закон треба да се донесе за 30 дена.
-Не барам милост – барам државата да стои зад оние што ја бранеле.
И поставувам едно едноставно прашање: Како е можно лице со највисок законски приоритет да чека повеќе од дваесет години без одлука?
В.В.