По долго боледување почина Гордана Дувњак, истакната македонска новинарка од светот на политиката и правдата.
Својата кариера, како новинар ја започнува во 1988 година во Македонската радио телевизија, каде останува две години.
Во период од 1991 до 1999 година, работеше во Нова Македонија. Таа долги години работеше како новинарка, а потоа беше и уредник во весникот Утрински весник во период од 1999 до 2017 година.
Во 2017 година, се вработи во новинската агенција Макфакс.
Во 2018 година е вработена во 1ТВ како новинар и одреден период како уредник на телевизијата.
Од 2019 до 2022 година работеше како главен и одговорен уредник на неделникот „Фокус“.
Професионалната кариера ја заврши како лице за односи со јавноста во Судскиот Совет.
Погребот на Гордана Дувњак ќе се одржи утре на гробиштата во Бутел.
Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата во 11:00 часот, а погребот ќе започне во 12:00 часот.