Без вода корисници на улицата „Капиштец“, а без струја дел од Кисела Вода

by valentina 07:57
07:57

За корисниците од ул.„Капиштец“ бр. 21 за денеска од 9 часот е најавен прекин во снабдувањето со вода.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека причина за прекинот во водоснабдувањето е дефект на ул. „Капиштец“ 21, а ќе трае до завршување со санацијата.

Поради најавени технички зафати, денеска, пак, без електрична енергија од 08:00 до 12:00 часот ќе останат корисниците од улицата 1519 во населбата Каменик, во општина Кисела Вода.

Слични вести