Првични резултати во Унгарија, Орбан губи, Маѓар во предност

by valentina 20:59
20:59

Вечерва се бројат гласовите од парламентарните изборите во Унгарија. Според првите пребројани гласови, опозициската партија на Петер Маѓар има предност во мандатите пред владејачкиот Фидес на Виктор Орбан.

Според преброени 37 отсто од гласовите на парламентарните избори во Унгарија опозициската партија Тиса на Петер Маѓар е пред голем триумф. Во овој момент Тиса има 132 места во парламентот, 59 ќе бидат за Фидес на премиерот Виктор Орбан, а 8 за националистичката Наша татковина. Тоа е само едно помалку од двотретинско мнозинство од 133 места за промена на уставот.

„Ги видовме неодамнешните анкети и врз основа на податоците за излезноста и податоците што ги добивме, оптимисти сме“, рече Петер Маѓар на официјалниот прием на партијата Тиса за објавување на резултатите.

Тој верува дека високата излезност значи неколку работи, како на пример дека мнозинството Унгарци сфатиле колку се важни овие избори и потврди дека граѓаните направиле историја.

„Ова стана и ќе продолжи да биде прослава на демократијата“, рече Маѓар.

Но, тој додаде и дека „примиле илјадници пријави за изборни измами“.

Тој им се заблагодари на повеќе од 50.000 волонтери од Тиса кои служеа како пребројувачи на гласови и надворешни набљудувачи за да обезбедат интегритет на изборите.

Слични вести