Маѓар прогласи победа, а Орбан телефонски му честитал

by valentina 21:30
21:30

Со обработени 45,71 отсто од гласовите, опозициската Тиса дополнително ја зголемува предноста и веќе има 135 пратенички мандати на изборите во Унгарија.

Според најновите податоци, Тиса има 40 мандати од листи и 95 во едномандатни изборни единици. Владејачката коалиција Фидес-КДНП е далеку зад со 57 мандати (46 од листи и 11 поединечно), додека Ми Хазанк има 7 пратеници.

Лидерот на Тиса, Петер Маѓар, веќе реагираше на резултатите со кратка порака: „Благодарам, Унгарија“.

Тој на социјалните мрежи објави дека премиерот Виктор Орбан телефонски му честитал за победата, што е прв индикатор за признавање на изборниот резултат.

Доколку трендот продолжи, Тиса е на чекор до убедливо мнозинство во парламентот од 199 пратеници, што би значело крај на долгогодишната доминација на Фидес и сериозен политички пресврт во земјата.

Слични вести