Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
РЕАКТИВНО НАМЕСТО ПРЕВЕНТИВНО ДЕЈСТВУВАЊЕ
Се случија автобуската трагедија кај Ласкарци, пожарот во тетовската модуларна болница, дузина сообраќајни несреќи со смртни последици итн., но од сето тоа не се извлече никаква поука, за евентуално да се спречи и големата трагедија во кочанската дискотека „Пулс.“
ЛЕКАРОТ СО ПЛАТА ОД 12.000 ЕВРА
Плата од 12.000 евра ја зел анестезиолог, кој доаѓа од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ).Сепак, без разлика колку и да работел, нема логика дека 31 ден во месецот, 24 часа бил работно ангажиран за да земе таква вртоглава сума на пари.
„ПУЛС”
Доколку се направи преквалификација, прстот на вина ќе биде упатен кон обвинителството, иако тогаш вистинските виновници ќе треба да се бараат во политичарите, и тоа од сегашната, и од минатата власт, кои здружено ги донесоа скандалозните измени на КЗ во 2023 година.
АЛТА БАНКА
Сопственикот на Алта банка од Битола, Давор Мацура влегува во осигурителниот бизнис. Инаку, тој важи за близок човек на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
СКОПЈЕ- СОФИЈА
Реториката што во последните денови се употребува на релација Скопје – Софија ја заострува политичката тензија, која ексалира поради изборите во Бугарија и застојот со уставните измени во Македонија.
СРПСКО-УНГАРСКО СЦЕНАРИО
Во неизвесноста лежи суштината на современата политика, каде што вистината не е фиксна категорија, туку динамичен инструмент во рацете на оние што знаат како да ја обликуваат.
ПОЛИТИЧКИ ЧУДА
Во политиката, партија, која еднаш или двапати се вратила на власт со некои ветувања и кадри, не може да се надева дека пак со истите финти и ликови ќе се врати на власт. Треба да се вклучи мозокот, и тоа на најјако.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
На својата последна дипломатска мисија, Макијавели запознал уште еден моќен владетел – германскиот крал Максимилијан. Имено, Фиренца, чие основно внимание, од разбирливи причини, било свртено кон францускиот двор, го забележала сè поголемото присуство на Германија во италијанските работи.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Патриотарите, пак, „sвездените“ височини ги достигнаа со заробувањето на државата и приватизирањето на институциите на системот. „Од кал да е, ама да биде наш човек“.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Дали граѓаните се тука за да гласаат и да ги финансираат партиите и државата или, пак, партиите и државата се тука и постојат за да ги израдуваат, структурираат и остваруваат интересите и потребите на граѓаните.
Ана ПАНОВСКА
Медиумите, наместо да се занимаваат со „облакодерите и становите“ на Заев и Филипче или „хидроцентралите“ и скапиот часовник на Мицкоски, нека се зафатат здраво со тоа на народот да му објаснат што добиваме, а што губиме ако набргу не ги почнеме преговорите со ЕУ.