1591

by bogdan 19:30
19:30

Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк

ЏУБОКС ОБВИНИТЕЛСТВО
Тазе избраниот обвинител, пак, наместо да се спротивстави и јасно да и стави до знаење на извршната власт дека тој не е келнер во нивна биртија, или џубокс, во кој ќе фрлат паричка и ќе чекаат да им ја свири мелодијата која ја сакаат, одбра да не ја коментира нарачката.

„БОМБИТЕ НА ГРУБИ“
Груби можеби во меѓувреме создал свои „бомби“, бидејќи преку неформален канал навестил дека, доколку се врати во земјава под поволни услови, дел од своите компромитирачки искази за поранешни соработници може да ги докаже, оти се документирани.

ТЕНДЕРИ ВО ЗДРАВСТВОТО
Истражување на Центарот за граѓански комуникации покажува дека за последната деценија само десет фирми склучиле договори за јавни набавки во здравствениот сектор, во вредност од вртоглави 1 милјарда евра.

ИЗБОРНИ ДОЛГОВИ
Близу 12 илјади административци од 30-тина општини кои имаат законска обврска да членуваат во изборните тела, повеќе од пет месеци чекаат општините и градот, кажано народски, да се смилуваат и да им го исплатат она што законски им следува.

ИЗГОР СТАНОВИ
И покрај ветувањата за интервенција, државата со ограничен број нови станови тешко може да влијае на пазар што го диктираат силната побарувачка и странските инвестициски фондови, додека цените на квадратот за неколку години речиси се удвоија.

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА
Србија влегува во период на зголемена политичка неизвесност, каде што секој избор, секој протест и секоја одлука ќе имаат значење што далеку ја надминува нивната непосредна важност.

АНКЕТИ
Кога политичарите се фалат со резултати од анкети на кои се многу популарни, треба да се сетат дека некогаш порано и некои други политичари, моќници и лидери биле фаворити на народот, па каде се сега тие?

 

Колумнисти:

Денко МАЛЕСКИ
Макијавели им јавил на властите во Фиренца дека „малку по малку, војводата се лизга во сопствениот гроб“, а на веста дека бил уапсен од папата, им препорачал, при донесувањето на идните одлуки, владата„ веќе да не размислува за него“.

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Завалиите не можат или не сакаат да разберат дека АР и АНБ се две различни категории! Првата е офанзивна служба за надворешно стратешко разузнавање и рано предупредување, а втората дефанзивна за внатрешно контраразузнавање.

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Историското искуство не обврзува да не дозволуваме самите да се нудиме и се доведеме во ситуација да бидеме предмет на поткусурување во односите помеѓу големите и „помалку големите“ сили во светската игра и борба на интереси.

Ана ПАНОВСКА
ВМРО-ДПМНЕ не знаело и не знае да владее зашто не знае да функционира во сегашноста. Или ќе забега во античкото или ќе се занимава со комитското, партизанското и сдсмовското време. Тука застанува како закопано.