Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ВО СПОМЕН НА НИКОЛА МЛАДЕНОВ
Поминаа 13 години од кобната ноќ меѓу 26 и 27 март 2013 година, кога во сообраќајна несреќа трагично заврши животот на основачот на „Фокус“ – Никола Младенов, кој остави длабока трага во македонското новинарство.
ПРОСЈАЧКИ СТАП
Зголемувањето на цените на горивата ќе предизвика поскапување на лебот, млекото, овошјето и зеленчукот, односно на сите прехранбени производи што зависат од секојдневната дистрибуција со дизел гориво. Како тргнала работата, ќе не доведат до просјачки стап.
ДРЖАВНИТЕ ДОЛЖНИЦИ КАКО ЗАШТИТЕНИ МЕЧКИ
Откако Судот во Стразбур одлучи во корист на граѓаните, кои со години не можат да си наплатат долгови од државни и јавни претпријатија, судските истанци во државата се најдоа во небрано. Врховниот суд „промомори“ нешто во стилот ни риба, ни девојка, Уставниот суд тргна храбро, но по ставот на премиерот Мицкоски дека нема да дозволи колапс на државните и општинските органи, кои се во гуша од долгови, и тие омекнаа.
КОЈ ЌЕ ГРАДИ ВО СРЦЕТО НА ВОДНО?
Газдата осуден во „Синџир“, фирмата заглави во стечај. Поштенскиот дом на Водно се заплетка во стечајот на фамозната „Новоматрикс“ – каква ќе биде судската разврска за запустениот имот со вцртан објект од 2 илјади квадрати?
КУПУВАМЕ ЛИ ОРУЖЈЕ?
Ако се погледне строго од воен аспект двете војни – и онаа на Блискиот Исток и таа во Украина, покажаа дека воената стратегија и тактика може и мора да се менуваат, а оружјето што се употребува целосно ја измести претставата дека во една војна доминираат копнените битки, а се другото е логистика и помош во остварувањето на нивните цели.
ВЕЛИГДЕН СО ПРАЗНИ ЧИНИИ!
Владата уверува дека состојбата е стабилна, додека експертите предупредуваат: ценовниот удар допрва доаѓа, а еднаш покачените цени ретко се враќаат назад. Дополнително загрижува најавата за нови поскапувања на овошјето, зеленчукот и јагнешкото месо во пресрет на Велигден.
ТАЈВАН И КУБА
Едниот во срцето на најдинамичниот економски регион на планетата, другиот на само неколку десетици километри од бреговите на САД – се претвораат во симболи на новата геополитичка реалност, каде конфликтите не започнуваат со објави на војна, туку со постепено поместување на линиите на моќта.
ВРЗАНИ САДОВИ
Политиката, каде што има гласачки тела врз кои атакуваат повеќе ривалски партии е како систем на врзани садови каде секоја партија има мотив да работи против другите партии, со цел да заграби за себе што е можно поголем дел од гласачкото тело.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Во текот на овие четримесечни разговори со бруталниот владетел, многу од нив „во четри очи“, Макијавели ги формирал политичките погледи што подоцна ги изложил во своето најпознато дело „Владетелот“.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Историски, од идеолошкиот терор, кој проповедаше перманентна борба против внатрешниот и надворешниот непријател, во која Службата со гордост се третираше како „ударна тупаница на Партијата“.
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Иако не верувам дека една птица може да ја донесе пролетта во македонскиот правосуден систем, сепак за очекување е дека граѓанинот Ненад Савески ќе го втисне својот личен печат врз „реформата“ на македонскиот правосуден систем.