Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ПОЛИТИЧКА „ТУРЛИТАВА“
Исклучувањето на Шилегов од партиско членство го ослободи духот од ламбата и ќе го забрза расчистувањето на сметките меѓу „тројанските коњи“ на ВМРО-ДПМНЕ, како што Филипче ги нарекува неговите внатрепартиски противници.
ДРЖАВНИОТ ИМОТ БЕЗ ЗАШТИТА
Државниот завод за ревизија констатираше дека државни спортски објекти се даваат под закуп на долг период за мали закупнини, дека закупците не ги напуштаат објектите и бесправно ги користат, па дури и дека се отуѓува имот од јавен интерес преку извршни постапки.
СЕМЕЈНИ БИЗНИС ШЕМИ
Јорданчо Јанев, баџанакот на Мицкоски, редовно се наоѓа на списоците на донатори на ВМРО-ДПМНЕ. Тука не станува збор за една или две фирми, туку за бројни фирми, кои се занимаваат со различни дејности, и тоа не само во Македонија, туку и во соседна Бугарија.
„ИЗГРЕВ“
По речиси 18 години на полициско-обвинителска-судска сага, обвинетите во „Изгрев“ ја добија долгоочекуваната ослободителна пресуда. Кривичниот суд пресече дека обвинетите не переле пари, туку зеле банкарски кредит.
НОВ БРАН ПОСКАПУВАЊА
Зголемувањето на цените на горивата за 28,17 отсто ќе предизвика поскапување на лебот, млекото, овошјето и зеленчукот, односно на сите прехранбени производи што зависат од секојдневната дистрибуција со дизел гориво.
НА РАБОТ НА КОНФЛИКТ
Во последниве неколку години, Европа се соочува со една од најсложените енергетски кризи од крајот на Студената војна. Руската интервенција во Украина, во 2022 година го преобликуваше целиот енергетски систем на континентот, предизвикувајќи радикални промени во снабдувањето со гас, нафта и електрична енергија.
БЕНЕФИТИ ОД НЕСТАБИЛНОСТА
Идеално е да владе мир, ама ако некои решиле да војуваат и не може да ги смири никој, најмудро е да се седи на страна и да се ужива во придобивките од сопствениот мир во време на туѓа војна. За да постои оаза на мирот, мора да има околу оазата пустина на војната.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Во депешата упатена до владата, Макијавели напишал дека никој не обрнува внимание на аргументите, без оглед колку добро се изложени, наведувајќи го примерот кога се обидел да одржи говор за придонесот на Фиренца за безбедноста на териториите на францускиот крал во Италија и на реакциите на тоа обраќање.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Oко не им трепнува кога тврдат дека системот Мафијадонија неколкукратно подобро се справил со трагедијата во Кочани, отколку Швајцарија во Кран Монтана, но не кажуваат дека нашата дискотека беше нелегална и дива кочина…
Ана ПАНОВСКА
На сцената подзатскриено има и други големи играчи, нуклеарни сили, кои сега засега се воздржуваат од отворено вмешување во војната на Блискиот Исток, за среќа на сите нас и за среќа на светот што го познаваме.