Нецел месец по основањето во 2022 година, компанијата „АР Груп“ склучила преддоговор со „МКМ Експрес“ за купување на деловен простор од 637 квадратни метри, плус гаражни места, за вкупна цена од 1.451.393 евра. Меѓутоа, купувачот воопшто не го уплатил авансот, што било основа продавачот да го раскине договорот.
Сепак, двете страни склчуваат анекс со нова диманика на плаќање, која повторно не ја почитува купувачот. Набргу потоа, тие склучуваат и втор анекс, по што „АР Груп“ врши две уплати од вкупно 467 илјади евра. Арно ама, и двете уплати биле задоцнети, ем пониски од висината на договорените рати, па овојпат продавачот одлучил да го раскине преддоговорот, кој му дава такво право заедно со обврска да ги врати уплатените средства откако истиот деловен простор ќе го продаде на други субјекти.
Но, „АР Груп“ не ги чекал средствата назад, туку одлучил по судски пат да ги бара од „МКМ Експрес“ не само уплатените 467 илјади евра, туку и дополнителни над 1,1 милиони евра во име на материјална штета, или вкупно 1,5 милиони евра. Зошто овој случај не може да се третира само како спор меѓу два приватни субјекти и има елементи на јавен интерес?
Откако скопскиот граѓански суд одлучи да го прифати предлогот на „АР Груп“ да донесе решение за привремена мерка за обезбедување на 1,5 милиони евра на „МКМ Експрес“, тужената компанија испорачува сериозни тврдења дека целиот случај се карактеризира со пристрасно, непрофесионално и незаконско постапување од страна на судијката Бисера Стефковска Митиќ, поради што бараат нејзино изземање во предметот и најавуваат претставка до Судскиот совет.
Во нивната жалба до второстепениот апелациски суд, меѓу другото, се наведува дека судијката не направила напор тужбата да ја достави до тужениот, првично оневозможувала увид во предметот, донела решение за обезбедување на 1,5 милиони евра, иако реалниот долг од 467 илјади евра е недоспеан, додека за наводната материјална штета од 1,1 милиони евра немало вештачење…
Стефковска Митиќ, пак, ги отфрла ваквите наводи.
Пишува
Влатко СТОЈАНОВСКИ
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК