Пред два месеца, со страшни наводи за состојбата во Општина Охрид излезе и Државниот завод за ревизија. Сè на сè, ако се разгледа целиот извештај, може да се забележи дека самата општина, која за 2025 година располагала со буџет од 31,8 милиони евра, е во тотален хаос, што на хартија го потврдија и државните ревизори.
Официјалниот извештај покажува дека општината врие од дивоградби, има 4.847 на број, меѓу кои згради и хотели. Со амин на старо-новиот градоначалник наводно цело време профитираат фирми блиски до партијата преку општински тендери, а со тоа се создава тотален хаос во самото работење.
Еден од најубавите македонски градови, кој брои повеќе од 42.000 жители, редовно се соочува со обвинувања за урбана мафија, дивоградби, кои никнуваат како печурки, партиски вработувања…
Пишува
Ирена МУЛАЧКА
ЦЕЛИОТ ТЕКСТ МОЖЕ ДА ГО ПРОЧИТАТЕ ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ ОД НЕДЕЛНИКОТ “ФОКУС” КОЈ ШТО МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА НА ОВОЈ ЛИНК