Јовановски мафташе со глава и не одговори дали чувствува вина за сопругата и ќерката

by vlatko 20:47
20:47

Стојанче Јовановски, сопруг на 31-годишната Ивана, која заедно со своето 6-годишно дете починаа по пад од балкон во Карпош, молчејќи и со правење гримаси влезе во суд.

Скопје 1 го праша дали станал поголем маж со насилството кое седум години го трпела Ивана, како што тврди Обвинителството, но не одговори.

Тој молчеше и на прашањата дали чувствува вина, дали со молчење се брани и во судот каде ќе се одлучува за неговиот притвор откако Обвинителството отвори истрага.

„Кога беше прашан од нашата екипа како можевте седум години да малтретирате жена, тој мавташе со главата“, објави Скопје 1.

Инаку, Кривичниот суд одлучи да му го продолжи притворот за 8 дена.

Основното јавно обвинителство поведе постапка за Стојанче Јовановски, кој е осомничен за кривични дела наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, телесна повреда и загрозување на сигурноста, во врска со трагедијата во скопската населба Карпош во која починаа Ивана Јовановска и шестгодишна ќерка Катја.

Според обвинителството, постои основано сомнение дека осомничениот, сопруг на починатата со кого таа била во бракоразводна постапка, во периодот од 2019 година до 2 март континуирано ја малтретирал физички и психички, ја навредувал, тепал и понижувал, нанесувајќи ѝ видливи повреди по телото.

Ваквото однесување се интензивирало во текот на 2025 и 2026 година, поради што Јовановска се нашла во безизлезна состојба и донела одлука да си го одземе животот.

Слични вести