Макрон се обрати до нацијата: Го испраќаме единствениот носач на авиони во источниот Медитеран

by irena 21:44
21:44

Франција има одбранбени договори со Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Катар, кои сите беа цел на ирански напади. Претседателот Емануел Макрон рече дека Франција ќе застане покрај своите партнери.

Тој потврди дека е договорено да се испратат освен носачот на авиони и дополнителни системи за противвоздушна одбрана на Кипар. Француската фрегата ќе пристигне покрај брегот на Кипар вечерва.

„Се координираме со нашите европски сојузници и партнери за да ја обезбедиме безбедноста на Источниот Медитеран“, рече тој.

Макрон, исто така, истакна дека се согласува со лидерите на Германија и Обединетото Кралство дека е пожелно брзо решение на конфликтот во Иран. Францускиот претседател изрази надеж дека иранскиот народ ќе може сам да одлучи за судбината на својата земја.

Макрон рече дека француската армија работи на заштита на националните интереси во регионот и ја зголемува безбедноста во амбасадите. Тој додаде дека во моментов во регионот има речиси 400.000 француски државјани, или за краток или подолг престој, и дека летовите за репатријација се во тек, а два треба да слетаат во Париз вечерва.

Слични вести