Петровска за починатите Ивана и Катја: Убијци се инспекторите и вработените во МВР и центарот за социјални работи

by irena 16:21
16:21

Поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка, Славјанка Петровска, како и речиси сите граѓани, бара одговорност за трагедијата по трагичниот настан во Карпош .

„Се додека велиме системот е виновен, ситемот убива, да го промениме системот, се дотогаш ќе имаме нови “Кочани”, нови “Фросина на Партизанска”, нови “ Мајка и ќерка убиенти” нови “Росица од Велес” нови “Жртвите од Куманово”. Надлежните имаат име и презиме, а тоа име и презиме има одговорност. За моралната не сакам да зборувам, но за кривичната има институции во кои има име и презиме кој е задолжен за што“, објави Петровска.

Според неа, одговорноста има име и презиме.

„Вчерашниот настан не е самоубиство, тоа е убиство. А убијци се со име и презиме инспекторите и вработените во МВР и центарот за социјални работи кои требале да го прашаат шефот, чекале да се јави некој дали жената е наша, чија е, кои наместо одговори и заштита давале изговори. Вашите изговори и кревање раменици го убија малото девојче. Убија многумина млади деца, мајки, жени“, додава пратеничката на СДСМ во својата објава на социјалните мрежи.

Слични вести