„Во Основното јавно обвинителство Скопје лицето не е пријавено за кривични дела на семејно насилство“ – информираа од ОЈО во врска со Стојанче Јовановски, сопругот и татко на Ивана и Катја кои вчера извршија самоубиство во скопската населба Карпош.
Од Обвинителство велат „против него има активна постапка од 29.12.2025 година за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик за пронајдени 19 грама марихуана и 7 грама амфетамин во багажникот на неговиот автомобил“.
„По предлог на надлежниот обвинител, ценејќи ги сите околности во предметот, судија на претходна постапка му определил мерки на претпазливост кои се уште се на сила“ се вели во соопштението.