178
МВР информира дека вчера попладне во 12:50 часот во с. Семениште, општина Сарај, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.Х.(25) од с. Семениште, постапувајќи по претходна пријава дека на стариот пат Тетово – Скопје, поради недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнал Е.Е.(34) од с. Арнакија, скопско, при што употребил остар предмет и му нанел убодни рани.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.