Млада жена била следена и вознемирувана пред смртта од серискиот убиец, тврди нејзиниот татко

by irena 18:52
18:52

Осомничениот 25-годишен Т.Б., кого истрагата го поврзува со повеќе убиства, ја следел и вознемирувал 33-годишната Марија од Старо Нагоричане, чие тело беше ексхумирано под сомневање дека е негова жртва, тврди нејзиниот татко, пишува Кумановски муабети.

Марија првично била погребана во јануари, откако било констатирано дека починала од природна смрт.

По апсењето на Т.Б., се појавиле сомнежи дека нејзината смрт не била природна, по што Јавното обвинителство наредило ексхумација.

Од Институтот за судска медицина, со кој раководи Александар Станков, потврдија дека смртта била насилна, а извештајот треба да биде доставен до обвинителството.

Нејзиниот татко вели дека Марија го познавала осомничениот и дека во минатото работела кај неговото семејство.

Тој тврди дека Т.Б. подолг период ја следел и вознемирувал, поради што таа пријавила и во полиција.

Кобната вечер, околу 23 часот, му се јавила на брат ѝ и му кажала дека некој тропа на вратата и дека ќе се сокрие.

Утрината семејството не можело да ја добие на телефон, по што соседи ја пронашле мртва во нејзиниот дом.

Осомничениот се наоѓа во притвор во Куманово, додека истрагата продолжува и треба да утврди дали тој стои зад уште други убиства.

Слични вести