Новиот број на „Фокус“ можете да го купите и во електронски формат на овој линк
ЗОШТО ГРУБИ СЕ ВРАТИ СО НАСМЕВКА?
Дали заминувањето на Груби пред 14 месеци беше инстиктивен чекор, поради страв да не заврши зад решетки? Или, пак, тој имал прецизно разработена стратегија како да се спаси од одговорност? Ако е така, каква била неговата стратегија и дали таа моментално се спроведува во практика, вклучително и преку неговиот камбек во земјава?
БИЗНИС СО ФОТОВОЛТАИЦИ И ВЕТЕРНИЦИ
Фотоволтаици, централи, ветерници и гасни централи ќе градат бизнисмени блиски до двете најголеми партии – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, странски бизнисмени со сомнителни бизниси и политички врски, па дури и МПЦ.
КАКО БЕШЕ ПОДГОВЕН ТЕРЕНОТ ЗА ВРАЌАЊЕТО НА БЕГАЛЕЦОТ
Повеќе од јасно станува дека нема ништо случајно во враќањето дома на Артан Груби по 14 месеци бегство во туѓина. Фактите што ги открива „Фокус“ укажуваат дека органите на прогонот се однесувале како дрвен адвокат на Груби, иако требало да застанат од спротивната страна.
СРЦЕ НА БАТЕРИИ
На годишно ниво, во Македонија, околу 25 пациенти добиваат механичко срце, во кои влегуваат и оние новите, на кои истата година им е извршена интервенција, но затоа, пак, 6-7 пациенти умираат, што од тоа што не можеле да ја добијат битката, што и од негрижата на државата – конечно да се почне со трансплантација.
ПОЧЕТОКОТ НА КРАЈОТ НА „ВРЕДИ”
„Фокус“ ќе се обиде да одгатне зошто идејата за еден политички субјект предизвикува толку големи бранувања внатре во коалицијата од четири политички субјекти, кои здружени успеаја да го совладаат политички Ахмети и ДУИ.
МУДРА ВЛАСТ
Постои стара мудрост, која вели дека оние што сакаат да ти помогнат, ќе ти ја кажат вистината, додека оние што сакаат да те искористат, ќе ти го кажат она што мислат дека сакаш го да чуеш. Друга, пак, мудрост вели дека најголем комплимент е искреноста, а најголема навреда е лажењето.
ИРАН
Иранските преговори следат по масовните протести и репресијата во земјата, што ги зголемува политичките ризици во најголемата блискоисточна држава. Воената логистика и стратегиите од двете страни се тешко предвидливи со можни варијанти од постигнување дипломатски договор до ширење конфликти со глобални импликации.
Колумнисти:
Денко МАЛЕСКИ
Папата Иникентиј и неговиот син останале запаметени во историјата како големи љубители на пари, па сè што носело личен профит, се ставало на продажба.
Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Сегмент од општата калакурница со запуштени засолништа, енергетска и прехранбена зависност, распродадени стратешки објекти, темелење на коцкарската индустрија и бизнисот со канабис како носечки економии, „бела чума“ на стареење и иселување…
Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Живееме во време на целосен морален, правен, политички и финансиски банкрот на државата, во која граѓаните со децении по ред го вложуваат својот труд и живот. А што добиваат за возврат!?
Ана ПАНОВСКА
Се бара „мој човек“! Така долги години функционира оваа држава. Не знаеме поинаку да живееме и ние, самите граѓани. Сето тоа ни е нормално. Просто, човек леб не може да купи ако нема свој човек кој под тезга ќе му го зачува омилениот леб.